Димитриевски: Винисиус е одличен играч, тоа се нормални ситуации кога се игра тензично

Столе Димитриевски и Винисиус Жуниор/фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Рајо Ваљекано со ремито против Реал Мадрид докажа сезонава има амбиции за висок пласман во „Ла Лига“ и да се бори за едно од местата кои водат во Европа.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно блескаше во дресот на Рајо Ваљекано и со своите одлични одбрани ги запре ударите на „кралскиот“ клуб да дојдат до победата.

Во текот на мечот Димитриевски ги излуде играчите на Карло Анчелоти со своите одлични перформанси, а очигледно најмногу Бразилецот Винисиус Жуниор кој дури и му се закануваше на нашиот чувар на мрежата: „Јас и ти, надвор! Јас и ти, надвор“.

Инцидентот создаде хаос во интервалот Димитриевски и Винисиус на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано.

По мечот Димитриевски ја коментираше ситуацијата:

– Ми велеше „се гледаме во соблекувалната“… но со добри вибрации. Но, не се видовме.. Да го видев внатре, ќе го гушнев бидејќи ова е фудбал. Винисиус е одличен играч. Тоа се нормални ситуации кога се игра тензично. Тоа е дел од играта. Не треба на тоа да му даваме значење – вели Димитриевски.

Сите како фудбалски и спортски фанови се радуваме на новиот одличен настап на Столе Димитриевски, а ваквиот непрофесионален однос на Винисиус Жуниор кон Македонецот не оди во корист за фудбалер од светска класа, фудбалер кој неодамна ја доби наградата „Сократес“ за придонес во заедницата, односно ја препознава хуманитарната работа на играчот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот