Димитриевски го потврди заминувањето од Рајо, а претседателот го критикуваше

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски го потврди заминувањето од тимот на Рајо Ваљекано, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Валенсија.

Вчерашниот натпревар на Рајо против Атлетик Билбао беше последен за Димитриевски, а по него се збогуваше со навивачите.

„Одлучив да не го продолжам договорот со Рајо Ваљекано. Имав убави и лоши моменти тука, но секогаш ќе бидам благодарен на овие луѓе, клубот, претседателот, тренерите и навивачите. Рајо ќе го носам во моето срце, дојдов како дете заминувам како маж“, изјави Димитриевски.

Сепак, претседателот на Рајо, Мартин Преса призна дека не е среќен поради одлуката на македонскиот голман и го нападна преку медиумите.

„Не сме глупави. Тој не сакаше да остане и можам да се обложам дека претходно се договорил со Валенсија. Воопшто не беше проблемот во парите. Без разлика колку сакате некого, ако таа личност не сака да остане, не можете ништо. Ние се обидовме, не успеавме да го премислиме и тоа е тоа“, изјави првиот човек на клубот.

Димитриевски во редовите на Рајо Ваљекано помина шест години и заминува како голман со најмногу настапи во историјата на клубот (191).

Готово: Димитриевски потпиша договор на четири години со Валенсија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот