ДИК: Излезноста до 9:15 часот е 3%, гласањето се одвива без никакви проблеми
Државната изборна комисија на прес-конференција ги соопшти првите резултати околу излезноста, како и текот на гласањето.
Препорачано
„Вкупниоот број на оние кои излегле на гласањает се 41.890 граѓани кои до 9:15 минути го оствариле правото на глас. Вкупниот процент од 77% обработени податоци од кои се пристигнати, изнесува 3% на ниво на државата.
По Општини, Битола одзив до 9:15 е 3,38%, Богданци 4,68%, Боговиње 1,29%, Бутел 3,63%, Вевчани 5,02%, Гевгелија 4,30%, Гостивар 1,71%, Градско 5,61%, Делчево 4,11%, Демир Капија 5,27%, Зелениково 5,62%, Карпош 3,09%.
Навреме се отворени сите гласачки места во државата, и гласањето се одвива без никакви проблеми. Во ДИК досега нема пријавено проблеми за теток на гласањето. Она што постапувавме од утрово како Државна изборна комисија, имаме во Куманово едно избирачко место 1133 во кое се запишани 12 гласачи, бидејќи од објективни околности, односно немаше струја, согласно изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено, без користење на уредот за биометриска идентификација, затоа што од ЕВН беше кажано дека во тој момент треба најмалку 1,5 час да се санира проблемот, затоа одлучивме гласањето да продолжи со УВ ламба и УВ спреј. Иста ваква одлука донесовме за избирачко место во Штип. На ова избирачко место поради технички причини, ИТ лицата ангажирани од ДИК направија обид со смарт картички, но не можеа да го стартува биометрискиот уред за гласањето, и затоа моравме да донесеме одлука да продолжи гласањето со УВ ламба и УВ спреј. Тоа се тие две избирачки места за кои постапувавме и донесовме ваква одлука“, рече Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија.
„Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко место и од ниту една општинска изборна комисија“, рече Кондарко.
На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.
На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати


