ДИК ги почна подготовките за избори

Државната изборна комисија ги почна подготовките за изборно соочување на 5 јули, дознава Слободен печат. Централата веќе подготвила допис до сите општински изборни комисии со кој бара одговор за тоа што им недостасува за спроведување на избори во време на коронавирус. Од ДИК велат дека од Комисијата за заразни болести уште минатата недела требало да пристигне упатството за изборниот ден но, најверојатно такво упатство нема да има. Се очекува Комисијата да се повика на веќе дадените препораки за заштита од Ковид 19, а тие се носење на заштитна опрема, маска и ракавици, држење на растојание од 1,5 до 2 метри, користење на социјалната дистанца, користење на средства за дезинфекција.

ДИК планира за изборните дејствија да потроши околу 8 милиони евра. Од нив 6,5 милиони евра се планира да се потрошат за финансирање на медиумската кампања на политичките партии што ќе учествуваат на парламентарните избори. Според информации на Слободен печат, средствата потребни за заштита на здравјето на граѓаните ќе бидат обезбедени од домашни и странски донации.

Денеска и лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека има време сите да се подготват за изборното соочување на 5 јули, кој нагласи дека не може државата да остане со техничка влада и без Собрание.

– Час поскоро треба да ги завршиме изборите, бидејќи институциите треба да се стават во функција. Изборите ќе се случат на 5 јули, проблемите предизвикани од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев мора да ги оставиме зад нас. Изборите остануваат единственото решение согласно законите и Уставот. 22 дена по завршувањето на новата вонредна состојба, бидејќи ќе нема услови за прогласување на нова, вонредна состојба. Ќе продолжиме да ги користиме мерките за заштита, ќе носиме , маски и ракавици, ќе внимавање на хигинената. Тие се дел од соодветните заштитни протоколи кои ќе бидат спроведени на денот на изборите – рече Заев.

Тој посочи дека СДСМ изборната кампања ќе ја води преку електронските медиуми, но и на терен каде ќе се користи заштитна опрема.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак велат дека нема услови за избори кога бројот на заболени од Ковид 19 се зголемува и дека однесувањето на СДСМ е веќе загрижувачко.

„Во услови кога половина влада е во изолација, тие говорат за датум на избори. Целта на СДСМ е јасна, да се оди на избори во ек на епидемија со цел мала излезност и мал изборен пораз, па макар и по цена на животот и здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Македонија прво треба да ја победи епидемијата, а потоа на избори ќе го победи хибридниот режим на Заев, неговата неспособност, криминал и корупција во која ја држи државата три години“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот