Фото: Jaap Arriens / Zuma Press / Profimedia

Дијабетичарите алармираат дека немаат „оземпик“ и „рибелсус“

Сојузот на здруженија на дијабетичари алармира дека се соочуваат со недостиг од терапија за контрола на шеќерната болест. Оттаму потенцираат дека има недостиг на терапиите „оземпик“ и неговата таблетарна форма „рибелсус“, а дека од Министерството за здравство добиле незадоволителен одговор за причините. Според Сојузот овие две терапии „оземпик“ и „рибелсус“ ги има во државата за сите постојни пациенти до потпишување на договорот за набавка на планираните дополнителни количини. Но, додаваат од Сојузот, овие количини не сите ги добиваат континуирано и навремено.

– За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на „ризодег“  согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само преостанати количини по бројка, а сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти ендокринолози за да им се смени инсулинот, велат од Сојузот.

СЗДМ изјавува дека моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.

-Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелираме на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот