ДИЦ: Шаќири се повикува на непостоечки уредби, си дозволува да ја исмева борбата на вработените за достоинствена плата
Синдикатот на Државниот испитен центар реагира на изјавата на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој изјави дека од јануари директорката на ДИЦ ќе може да ги зголеми платите на вработените со новиот колективен договор и нов начин на зголемување на платите. Од Синдикатот велат дека Шаќири се повикува на непостоечка уредба со која би добиле додаток на плата и општ колективен договор што би важел до јули 2025 година.
Препорачано
Вие и Вашиот колега од Министерството за финансии би требало сериозно да си ја сфатите функцијата и да не ја доведувате во заблуда јавноста дека ЌЕ го решите проблемот на почетокот на следната година. Објаснете ѝ на јавноста ЗА КАКВО РЕШЕНИЕ ЗБОРУВАТЕ кога се повикувате во моментов на непостоечки документи? Министре, сериозен политичар борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција не смее да си дозволи да ја исмева нарекувајќи ја желба за популарност – се вели во реакцијата.
Од Синдикатот го повикаа министерот и неговите колеги веднаш да го решат проблемот и му порачаа да се откаже од неговата плата во интерес на образовниот процес и вработените на ДИЦ, бидејќи нивните барања за покачување на платата се речиси колку една министерска плата.


