„Диаџи“ размислува за продажба на сè попопуларниот пивски бренд „Гинис“
Мултинационалната компанија за производство и дистрибуција на пијалаци „Диаџи“ размислува да заработи од зголемената побарувачка за познатиот бренд на пиво Гинис преку продажба или ИПО, објави Блумберг. Продажбата или одвојувањето на брендот се меѓу опциите што компанијата ги разгледува како дел од планот за собирање капитал, објави Гардијан. Марката Гинис е проценета на 10 милијарди долари (околу 9,5 милијарди евра). Ова пиво, кое спаѓа во типот на „ирски стаут“, стана особено популарно меѓу припадниците на таканаречената генерација З, родени на крајот на минатиот век и почетокот на овој век, пренесува Политика.рс.
Препорачано
За време на божиќните празници владееше голема побарувачка за Гинис, што доведе дури и до недостиг од тоа пиво. Споменатите шпекулации за продажбата доведоа до раст на акциите на компанијата на тргувањето на лондонската берза за четири отсто и го ставија „Диаџо“ на врвот на листата на индексот ФТСЕ 100. Производството на ова пиво го започнал во 1759 година Артур Гинис во Даблин и денес е еден од најпознатите ирски производи, со продажба на неколку милиони пинови дневно низ целиот свет, пренесува Танјуг.


