Џонсон: Клучно е децата да се вратат во училиште

Фото: EPA

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека е од клучно значење сите училишни деца да се вратат во училиште и оти е задоволен од подготовките направени со цел училиштата да почнат успешно да работат следната недела.

Според светските агенции, тоа ќе биде тест за способноста на Владата на Џонсон, која беше цел на критики за нејзиниот пристап кон проблемите во образованието за време на пандемијата на коронавирусот, како и поради тоа што до сега не обезбеди враќање на сите деца во училиште.

На прашањето дали, по примерот на Шкотска, Англија ќе мора да ја промени политиката според која на извесен број деца не им било препорачано да носат маски за време на нивниот престој во училиште, Џонсон одговори дека медицинските докази за тоа прашање ќе бидат разгледани во oд и оти тие се менуваат.

– Ако треба да ја смениме препораката, тогаш, се разбира, ќе го направиме тоа, додаде Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот