Џинпинг: Кина во наредните пет години ќе увезе стоки од Централна и Источна Европа во вредност од 170 милијарди долари

Си Џинпинг/ Фото: EPA-EFE/ZHANG LING / XINHUA MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Кина планира да го прошири увозот во наредните пет години од земји на Централна и Источна Европа и да увезе стоки во вредност од 170 милијарди долари, најави кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесува бета.рс.

На видео средбата со претставници од 17 европски земји, тој истакна дека кинеско-европските односи напредувале лани и покрај влијаниетоп на пандемијата на ковид-19, пренесе кинеската медиумска мрежа ЦМГ.

– Двете страни го завршија преговорите околу договорот за инвестиции во предвидениот рок, потпишаа договор за географски ознаки, работеа на развој на меѓусебните партнерства во рамки на дигиталната соработка и на „зелената“ соработка, го сочуваа мултилатерализмот и реагираа на глобалните предизвици, рече Џинпинг во своето обраќање.

Шефот на кинеската држава додаде дека сега е најважно фокусот да биде на заедничката борба против пандемијата на опоравување на економиите од нејзините последици.

– Кина е подготвена да продолжи да обезбедува вакцини во рамки на своите можности и да придонесува за нивна рамномерна распределба и користење како глобално јавно добро, рече тој.

Истакна дека Србија добила милион дози на вакцини, дека Унгарија соработува со кинеските производители, но изрази и подготвеност на Кина за соработка со сите кои сакаат.

– Треба да соработуваме во висококвалитетна изградба на „Појаси и патишта“, да ја унапредуваме реализацијата на големите проекти, како брзата пруга од Белград до Будимпешта, но и да продолжиме со поддршка на развојот на товарниот железнички превоз меѓу Кина и Европа и во потполност да се кориостат потенцијалите за соработка, истакна Џинпинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот