Џесика Симпсон ослабе 45 килограми, па му се закани на сопругот дека ќе го напушти!

Инстаграм

Пејачката и актерка, Џесика Симпсон веќе некое време привлекува внимание со промената на животните навики.

Благодарение на посветеното вежбање и здравата исхрана, Џесика ослабе неверојатни 45 килограми и ја врати линијата што ја имаше пред породувањето. Но, наводно признава дека не е задоволна што нејзиниот сопруг, поранешниот американски фудбалер Ерик Џонсон стана мрзлив и јадел нездрава храна, без да вежба со месеци.

Како што пишува National Enquirer, Џесика веќе нема трпеливост и го убедува сопругот да ѝ се придружи во нејзината рутина за фитнес. Во спротивно, таа се закани дека ќе го напушти домот со децата, пренесува Story.hr.

„Ерик не може да престане да јаде грицки, а неговата рутина за фитнес повеќе не постои. Џесика, од друга страна, е целосно насочена кон здрава исхрана и вежбање“, открил анонимен извор близок до парот, додавајќи: „Ерик сака да јаде сладолед, чипс и чоколади додека лежи на каучот и со часови гледа спортска програма“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот