Џенифер Лоренс остана без својот имот кој беше опустешен од  ужасен пожар

profimedia
Фото Профимедиа

Семејството на актерката Џенифер Лоренс доживеа голема трагедија за време на изминатиов викенд, кога нивната фарма и камп изгореа во голем пожар, во кој за среќа немаше повредени.

Големиот пожар се случил минатиот викенд на фармата „Camp Hi-Ho“ во Кентаки, која инаку е во сопственост на славната оскаровка.

Пожарот го гаснеле неколку часа, а во акцијата биле вклучени дури 30 противпожарни возила. Но, и покрај големите напори да се спаси, најголемиот дел од имотот, кој инаку служел за детски летен камп и дел за рекреација и спорт, изгоре.

facebook
Facebook

За среќа, никој од вработените во фармата не е повреден, како и животните што се таму, а маркетинг тимот на фармата брзо реагираше на социјалните мрежи.

Со голема тага ве известуваме за страшниот пожар што се случи на нашата фарма. Благодарни сме затоа што никој од луѓето и животните не загина во трагедијата, но сепак, не можеме да ја скриеме тагата заради долгогодишната работа и труд што ги вложувавме во ова место… Не можеме со зборови да ја опишеме тагата што ја чувствуваме сега. Ние сме неизмено благодарни на пожарникарите кои ги ризикуваа своите животи, како вистински херои, да спасат што можеше да се спаси“, се наведува во делот на објавата на официјалната страница на Фејсбук на кампот.

Instagram
Џенифер Лоренс со нејзиното семејство / Instagram

Тие потоа додадоа дека планираат да ги обноват и изградат сите делови на фармата и кампот што изгореа, што е можно поскоро. Во моментов се истражуваат причините за настанатиот пожар.

Актерката Лоренс сè уште не проговорила јавно за трагедијата, но нејзиниот брат Блејн Лоренс, воедно и директор на кампот, побарал од јавноста помош и донации со цел кампот да се отвори до летото 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот