Џенифер Анистон уште го носи прстенот од половина милион долари што ѝ го купил Бред Пит!

Profimedia

На почетокот од годинава се приширија гласини дека бившите сопружници Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (56) се смириле, по средбата на доделувањето на САГ наградите во Лос Анџелес.

Џенифер Анистон и Бред Пит / 12 јануари 2004 година / Фото: EPA/VanStory, Debbie

Бред тогаш ја фати за рака и не ја испушташе, иако таа беше во движење. Тој момент со неверојатна брзина се прошири на социјалните мрежи и обожавателите на парот повторно посакаа меѓу нив да има и нешто повеќе.

EPA-EFE/DAVID SWANSON

Но деновиве медиуми открија уште еден детаљ од тие моменти. Објавија дека Џенифер на црвениот тепих го носела вереничкиот прстен кој ѝ го подарил Бред во 2000 година.

Џенифер Анистон со прстенот од Брд Пит / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Го купил за половина милион долари, а го дизајнирал самиот во соработка со Силвија Дамиани. Го правел според обетките, кои ѝ ги купил претходно, а од кои Џенифер била воодушевена.

EPA PHOTO ANSA/CARLO FERRARO

Повеќе од 20 години подоцна, иако раскинаа пред многу време, Џенифер гордо позира со тој прстен на фотографиите, како што тоа го правеше и кога се венчаа.

Покрај доделувањето на САГ наградите, Џенифер и Бред се сретнаа и на доделувањето на Златниот глобус. Наградата за најдобар спореден актер во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ му припадна на Бред, а Џенифер го бодреше од публиката.

Камерите успејаа да ја уловат и кога го гледала и секако коментарите не изостанаа.

– Таа се топеше. Што и да кажеше тој, беше смешно за неа. Помеѓу нив сигурно има нешто, таа беше многу среќна за неговата награда – беше само еден од коментарите од бројните обожаватели на холивудскиот актер.

Profimedia

Нивната љубов траеше до 2005 година, кога Пит на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ ја запозна Анџелина Џоли и започна врска со неа. Наводно се откриени детали за тоа како Џоли на сетот го заведувала тогаш најпривлечниот маж на светот.

Џенифер Анистон призна дека била премногу бесна по разделбата со поранешниот сопруг откако видела фотографии од одмор, на кој Бред отишол со жената поради која на крај и ја остави, Анџелина Џоли.

Џенифер Анистон искрено за неверството на Бред Пит: Бев во шок!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот