Средба со многу емоции: Бред Пит и Џенифер Анистон ги разнежнија фановите

Бред Пит и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон уживаа во повторната средба полна со емоции зад сцената на доделувањето на награди во Лос Анџелес.

Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон се фотографирани заедно за време на доделувањето на награди на американското здружение на филмски актери SAG (Screen Actors Guild) за животно достигнување, а поради нивните погледи и прегратки, повторно почнаа да се шират шпекулации дека меѓу нив и натаму постојат емоции.

Според виденото, очигледно стана дека Бред Пит и неговата поранешна сопруга уживаат во повторната средба полна со емоции зад сцената на доделувањето на награди во Лос Анџелес, а останатото беше уловено од објективите на фотоапаратите.

Камерите фатиле моменти кога тие меѓусебно си честитале за освоените награди, а потоа и како Анистон од срце се смеела на неговите шеги. Бред Пит шегувајќи се на сметка на тоа што е сингл, исто како и Џенифер, рекол дека на својот Тиндер профил ќе објави слика со освоената награда.

Сепак, кога ја здогледал Џенифер во елегантен бел фустан, морал да и даде коментар.

Нешто подоцна, Бред Пит и Џенифер Анистон биле снимени додека си честитале еден на друг за наградите, нежно се допирале и си се насмевнувале, а Бред во еден момент ја фатил за рака кога таа се свртела кон него, покажувајќи им на тој начин на сите дека не сака таа да си оди од него.

За потсетување, Џенифер и Бред Пит се разведени од 2005 година, по љубовната афера на актерот со Анџелина Џоли, која потоа стана негова втора сопруга.

За разлика од Анџелина, со која Бред подоцна се разведе, тој и Џенифер Анистон останаа во пријателски односи, а веќе одредеб период се шпекулира дека нивната љубов повторно се разбудила.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот