Омилениот пар во Холивуд: Бред Пит чекал 9 месеци пред да се препушти на страстите со Џенифер Анистон!

Profimedia

Некогаш омилениот пар во Холивуд се запозна во 1998 година, а нивниот состанок бил организиран од страна на нивните агенти. Џенифер во една прилика откри дека двајцата сфатиле како пронашле нешто посебно и многу брзо започнале заеднички живот.

„Беше тоа мало љубовно гнездо“, изјави актерката во една прилика за Вените Фејр и откри дека уште после вториот состанок уживале заедно на каучот нарачувајќи храна. Било како да се заедно со години.

Profimedia

„Тоа беше она чувство кога едноставно знаеш. Се чувствувате како да седите со пријател. Беше тоа нешто веќе познато. Едноставно беше судено“, се присетила Анистон пред многу години, додека се уште траеше нивната љубов.

После 5 месеци, Бред Пит ја запроси Џенифер и таа прифати, а тајната ја криеле и од најблиските.

„Беше тоа многу забавно, тоа беше нашата тајна“, изјавила актерката.

Profimedia

Сепак, фактот дека тие не се двоеа еден од друг и брзо се верија, не подразбираше дека Џенифер и Бред не можеа да ги тргнат рацете еден од друг. Напротив, актерот наводно чекал 9 месеци за тој и Џенифер конечно да се препуштат на страстите во креветот.

„Тоа беше најмудрото нешто што Џенифер можеше да го направи. Замислите да му кажете на Бред Пит дека мора да чека за секс!“, изјави во една прилика анонимен извор близок на актерката.

Profimedia

Наводно до тоа дошло дури 5 месеци пред нивната венчавка, на Денот на вљубените во 1999 година, кога заминале за Акапулко на романтичен викенд.

„Му беше неодолива“, рекол пред неколку години за медиумите близок пријател на Бред.

Нивната љубов траеше до 2005 година, кога Пит на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ ја запозна Анџелина Џоли и започна врска со неа. Наводно се откриени детали за тоа како Џоли на сетот го заведувала тогаш најпривлечниот маж на светот.

Не ни помислиле на Џенифер Анистон: Како Анџелина Џоли го заведе Бред Пит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот