ЏЕЈМИ ОЛИВЕР му посвети десерт на ПРИНЦОТ АРЧИ
Славниот готвач, Џејми Оливер, кој моментно се бори со финансиски проблеми бидејќи пропадна неговиот ланец ресторани, смислил нов рецепт инспириран од синот на кралскиот пар Хари и Меган Маркл. Новиот десерт го добил името Арчи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ова е безвременска класика – јагоди, ванила, шлаг, бисквити. Одлично оди си попладневниот чај, порача Џејми Оливер.
Арчиев кралски ролат
СОСТОЈКИ:
400 гр јагоди
6 поголеми јајца
200 гр ситно мелен кафен шеќер
една лажица екстракт од ванила
лимон
150 гр остро брашно
150 гр џем од јагоди
едно стапче ванила
600 гр слатка павлака
шеќер во прав
7 гр лиофилизирани јагоди
3 гранчиња свежа мента
ПОДГОТОВКА:
Шесте јагоди исечете ги на тенки листови.
Плехот со димензии 35×40 см прекријте го со хартија за печење и наредете ги јагодите. Ставете го плехот со јагодите во незагреана рерна и оставете ги да се загреат на 180 степени Целзиусови.
Кога ќе се постигне температурата, извадете го плехот.
Јајцата изматете ги со шеќерот и со екстрактот од ванила најмалку пет минути, додека смесата не стане бледа.
Додадете изрендана кора од лимон, а потоа ставете го брашното.
Смесата прелејте ја преку јагодите.
Печете 15 минути додека не добие златно-жолта боја.
На другата хартија за печење ставете една лажица шеќер, па печениот бисквит преместете го на таа хартија така што јагодите ќе бидат надолу и завиткајте го.
Ситно исечкајте ги останатите јагоди, ставете ги во садот со џемот, сè добро измешајте и оставете го малку да отстои.
Слатката павлака изматете ја со ванилата и со шеќерот во прав. Лиофилизираните јагоди иситнете ги во блендер.
Одвиткајте го бисквитот и на него намачкајте ја смесата од јагодите и поголемиот дел од шлагот. Завиткајте го бисквитот па ролатот украсете го со остатокот од шлагот и јагодите и со ливчињата мента.


