Џеј Ло доби конкуренција! Нејзина колешка го облече познатиот зелен фустан! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Многумина од нас се сеќаваат на тој февруари 2000 година кога актерката и пејачка Џенифер Лопез блесна на доделувањето на „Греми“ наградите во сега веќе легендарниот зелен „Версаче“ фустан.

Џеј Ло тогаш го покажа целиот свој сексапил, а светот просто „одлепи“ по оваа креација…

Фото: Профимедиа

– Многу луѓе го бараа овој фустан преку интернет, меѓутоа немаа начин да го пронајдат. Само се прашувам каде е мојата заслуга? Бидејќи слушнав дека сме го срушиле системот таа вечер – изјавила Џеј Ло во април оваа година.

19 години подоцна, Џеј Ло истиот овој фустан го носеше на модната недела во Италија, на ревијата на брендот „Версаче“.

Фото: Профимедиа

Она што е интересно е дека истиот фустан го облече и актерката Лиса Рина (56). Холивудската ѕвезда била инспирирана од Џеј Ло и на една забава по повод Ноќта на вештерките го облече токму тој фустан.

Фото: Профимедиа

Како што може да видите, креацијата е повеќе од провокативна, па во еден момент се видоа и гаќичките на актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот