„Џебен биљард“ на историски датум – Слободен печат
Колумни

„Џебен биљард“ на историски датум

Ко прво, на еден таков ден, да не беа оние ‘‘кои мораат‘‘ ќе беше двојца без тројца.

Поминав у ‘‘школка‘‘ у парк на прославата на празникот на независноста, си викам може убаво ќе биде, а и ќе се видам со свет. Да се умешам со позитивни луѓе. Па, не смеам ли и ја да бидам патриот? Да градиме држава, де! Па имам уставно право на конструктивност ебате беља!

Мрш бе ‘‘шипац‘‘, не ми глуми патриотизам! Мрш у Шар Планина! .. и што виде?

А бе најискрено да ти кажам (прво, носи се у п.м.  со се Шар Планина) се разочарав малку. Ко прво, на еден таков ден, да не беа оние ‘‘кои мораат‘‘ ќе беше двојца без тројца. Деца у колички со млади баби и се помлади мајки (ало бе кај отиде светот), а за оние што знаат да најдат ‘‘дупка за подјебавање‘‘ ќе подвлечам дека најсимптоматично у паркот беше тоа што беше ‘‘ред дрво, ред пандур‘‘. А, од она што се вика сериозно одбележување, мојата најсериозна забелешка е што владата не одделила некој денар да дели знаменца на Македонија, па на децата да им дели да си мафтаат,.. да се знае дека таа гужва не е ‘‘из чиста мира‘‘, него се работи за држава бе алоо! Американците да може ќе ја стават заставата и на тоалет папир!

‘‘КЕЦ ‘‘ ЗА ПР СЛУЖБАТА НА ВЛАДАТА! ПР- от не е само јадење бурек по портали! Наука е тоа! А бе камо бајрачиња, флаери, балони, маици ‘‘МАЌЕДОЊАА‘‘, курчеви карики!?

А ти бе Шипац ќе мафташе со бајраче ако ти дадоа?… ДА! Ама никој не ми тутна у руки!

Да се разбереме. Нешто многу симптоматично се проткајува во нашето политичко секојдневие. Откако институционално довербата кон државата и самото сиромашно чувство за државност преживува тешка диареја, тоа ПР – експертите ко да ‘‘баш ги заболе‘‘. Тие сметаат дека е доволно да му напишат некој говор на премиерот, да го ‘‘советуваат‘‘ дали да дае изјава или не и на крајот на денот да закољат некој грант за агенциите кои ги претставуваат. А БЕ КАДЕ Е ‘‘ДРЖАВНИОТ‘‘ МАРКЕТИНГ!  Па денеска Градскиот парк требаше да биде прешаран со знамиња, со налепници, со маици, со бесплатна ладна вода, со црвено жолти балончиња за дечињата! Па така се всадува свест на државност! Децата памтат шарени балони! Битно, Жбогар се фати на оро и стана дел од ‘‘Reality Show”  и самиот! А, тоа што му се мешаа лева со десна нога на орото не е он крив! Додуша, ни многумина наши патриоти не знаат да играат оро. А се кладам дека знаат да играат Сиртаки, Zembekiko, Rembetiko, Hasaposerviko, ,..зошто додека Зоран Заев се препотуваше у ‘’градска школка‘‘, она се што паламуди патриот до патриот ‘‘се прчка у Грчка‘‘.  Ј*беш прослава на државен празник!

Дали 8- ми Септември е помал по важност празник од ‘‘Илинден‘‘?!…  Камо коњаници бе?

Коњаници немаше ама ‘‘коњи‘‘ колку сакаш. Државна химна се интонира, они си играат ‘‘Џебен биљард‘‘, пола од нив си викаат  ‘‘ ДЕНЕС ЛИ НАЈДЕ, ДА ТЕ Е*АМ, НИ ГО ЕБАВТЕ ПРОДУЖЕНИОТ ВИКЕНД , ЌЕ СИ ЛАДЕВМЕ ЈАЈЦА У ПЛАТАМОНА‘‘! А и Зоки уместо да се препотува на микрофон у Школка, можеше ‘‘да фане то моторо‘ разбир‘ш, па да прек‘ца некој километар за празник‘‘! И додека  сета папазјанија на забелешки од кои сите ја ставаме главата во песок како НОЈ царува, резултатот е неизбежно сарказам, цинизам, лицемерие, подјебавање, а на крај резултира со се помало (на ионака мало) ‘‘либидо на чувство за државност‘‘. ЛАЖАМ??

А бе Шипац, претера, кој ти дава за право ти да се секираш за нас Македонците?…  Не сери бе!

Па и јас сум ‘‘Македонец‘‘ бе ајван. За маса од оние што имаат лажна насмевка јас денес отидов у Градски парк затоа што сакав – а не морав! Башка, денот на државноста е ден на сите ‘‘народи и народности‘‘ и останати ‘‘домашни животни‘‘. Тоа што анимирањето на целото државно стадо во кое има и бели и црни овци, ‘‘и ќоро и сакато‘‘ да се собере на општо народен хепенинг заостанува, тоа нема везе дали си ‘‘Шипац – мипац‘‘ или Грк или Влав! (не реков ‘‘или Чокалија‘‘).  Е тоа, мил кретену мој соговорнички со тој твој мозак ќе те држи уште Господ знае колку долго да не изградиш јавна, општествена свест, чувство на припадност и државност. Уште долго ќе јадеш мушмули дека ‘‘овие шиптарите не го носат нашето знаме‘‘, а ти самиот ако си Македонец ќе си се заебааш со него и ќе го викаш ‘‘ ПРОПЕЛЕРОТ‘‘. Гомнар еден!!!

Шипац, ‘‘сереш ли га сереш‘‘! И, Што бидна после?.. ај дојади до крај, сум ти дал право на тоа!..

Ти си ми дал!! Мрш бре у пизду материну! Ми дал Бог право да размислувам со своја глава, за разлика од тебе со партиска! Од се нешто што треба да биде општо национално, сенародно, заедничко, весело, среќно, – ти правиш партиско подлизурковско, клиентелистичко, партиски комерционално и од авион се гледа дека радиусот на ANUS –от ти се шири и стеснува во зависност од интересот и личниот профит. Каде е – ДРЖАВНИОТ!

Шипац! Доста!…. што бидна после!?

И после бидна филмот ‘‘Те гу држава, те смо мие, те гу народ‘‘! Фати да збори Зоки, го гледаам,.. го слушаам,… си викам ‘‘ех мој Зоки Зоруле‘‘,.. ја почитувам целата твоја борба и те подржувам ‘‘ без било каков ќар‘‘, ама денес нај ‘‘радо‘‘ би ти го одземал микрофонот и би ти се свртел лично тебе на микрофон да ти го кажам она што ми лежи на душа дур те гледам дека се потиш и упорно го убедуваш народот дека се ќе биде ‘‘ок‘‘!

Ало Шипац, ти се дрзнуваш да го критикуваш премиерот? Сакаш да завршиш у апсаана? ..а?

Ни најмалку! Па поготово не за тебе ‘‘тртомуд еден соговорнички‘‘ ? ‘‘ШО‘ ТЕ Е*АМ‘‘!

ЕВЕ, ЈАВНО И ТРАНСПАРЕНТНО ДО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ:

Зоки, (дете од народ за народ) кога денес те гледав и слушав у Градски парк, ми прелета една мисла која не може да ми исчезне од глава. Кога во една држава се слави државен празник и кога се случува ‘‘народен собир‘‘, најмалку пола градско подрачје е блокирано а народот наместо шарени револуции прави ‘‘шарена прослава‘‘. Истовремено државата по сите ПР елементи доживува оргазам (с‘ опроштење). Пред тебе стоеше маса која ти верува на зборовите, ама не видов ниту еден ‘‘патриот ‘‘, ни еден барем пијан да извика ‘‘ Македонијааа‘‘.  Совет: .. под итно прво провери кој од твоето најблиско опкружение не се ‘‘прчка у Грчка‘‘ во вакви моменти кога ти е најпотребен. И тебе и на народот. Како второ, издржи. Не се разочарувај ако гледаш дека во моменти на ништо помалку сериозен датум од Илинден си игра ‘‘џебен биљард‘‘ додека тебе уста те заболе да повикуваш на заедништво, на кохерентност, на борба, на ‘‘сите рака за рака‘‘ у Европа. Издржи! Сепак гледам, не си сам! Не ти се удварам. Само ‘‘се пуљам‘‘ од страна. А бог ми дал и очи и уши. Напред.

…. Фала, не сакам пиво! Пре топло е… ај, у другата колумна!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close