Девојчињата кои беа удрени од такси возило во Чаир се во стабилна состојба

Трите девојчиња кои денеска беа удрени од такси возило на улица Христијан Тодоровски Карпош во Чаир се во стабилна состојба. Две од нив најверојатно ќе треба да се оперираат, додека едната се очекува во текот на денот да биде пуштена дома.

-Денеска, околу 11.20 часот се примени три пациенти на возраст од 12 и 13 години. Една од повредените е хоспитализирана во оделот за анистезија, реанимација и интензивно лекување, додека другите две се однесени за лекувањео во Детската клиника. Трите пациенти во моментот се во стабилна состојба. Поради скршеници, две од нив најверојатно ќе бидат оперирани. Една е полесно повредена и во следните часови може да биде пуштена на домашно лекување – изјави директорот на Ургентниот центар, д-р Алберт Леши.

Девојчињата беа удрени од такси возило. Возачот е приведен во полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот