Девојче поминало низ пекол во Кавадарци: Петмина се изживувале, го подведувале на проституција

Фото: МИА

Полицијата уапсила четворица жители на Кавадарци и еден на Неготино, кои се сомничат за кривично дело „трговија со дете“.

„Во период од август до септември лани, тие вршеле физичко и психичко насилство, принудувајќи малолетно девојче на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица“, велат од полицијата.

„В.Д.(39), К.Р.(24), В.Б.(26) и А.Д.(23) од Кавадарци и Н.И (21) од Неготино, во временскиот период од август до 19 септември 2022 година го сториле кривичното дело така што користеле сексуални услуги од малолетничка на различни локации, за паричен надоместок од 1 000 до 2 000 денари, а М.К.(20) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувал малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица. За М.К од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во моментот се спроведува истрага за сторено кривично дело „Трговија со дете“ (чл.418-г од КЗ)“, информира Министерството за внатрешни работи.

По наредба на Основен кривичен суд Скопје, на 14 јануари годинава извршен е претрес во дом и други простории кај пријавените, при што петте лица се лишени од слобода и против нив од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 14.01.2023 година е поднесена кривична пријава против петте лица за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво во член 418-г став 3 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот