Детали за скандалот со проституција во Италија: Фудбалери плаќале по 10.000 евра за една вечер
Во изминатите денови една од главните теми во Италија е скандалот со проституција за кој сега, „Газета дело Спорт“ открива нови детали за работата на организацијата.
Препорачано
Во центарот на случајот е двојката Бутини-Ронки, која треба да биде сослушана на 27 април, додека нивните соработници биле задолжени за директна комуникација со клиентите. Станува збор за познати фудбалери од меѓународната сцена, но и за други ВИП личности и бизнисмени.
Според наводите, организацијата нудела „комплетна услуга“, од резервација на маси во елитни локали, до обезбедување придружба и исполнување на специфични барања на клиентите. Во понудата, наводно, бил вклучен и азотен оксид, познат како „гас за смеење“, кој не може да се детектира на антидопинг тестови.
Цените биле прилагодени на клиенти со поголема финансиска моќ, кои без двоумење плаќале повеќе за загарантирана приватност и целосна организација. Висината на сумата зависела од барањата, на пример, маса за пет лица, која вклучувала забава и придружба, чинела околу 10.000 евра.
Присуството на познати фудбалери се користело како „мамка“ за привлекување нови клиенти, а бизнисот се ширел и преку препораки. За дополнителни услуги по излегувањето се наплаќало посебно.
Според обвинението, не сите фудбалери користеле целосен пакет, дел барале само дискретна забава без продолжување на вечерта во хотел. Сепак, организацијата располагала со околу стотина млади девојки, Италијанки и странки, кои биле нудени преку своевиден каталог со фотографии, профили од социјални мрежи и цени.
Меѓу нив имало и студентки кои, според наводите, ја прифаќале работата за дополнителна заработка. Тие биле ангажирани како придружба на вечери во луксузни локали, а често им се нудела и можност за „дополнителен ангажман“. Заработката, сепак, најчесто била минимална за девојките. парите ги добивале во кеш, во пликови, а висината зависела од услугата и условите. Дел од нив прифаќале значително помали суми од оние што ги наплатувала организацијата.
Според истрагата, двојката Буттини–Ронки задржувала повеќе од половина од вкупната сума. Како пример се наведува случај од 2022 година, кога колумбиска девојка била принудена на проституција за 1.000 евра, од кои ѝ припаднал помал дел.
Фудбалери од Серија А се вмешани во скандал со луксузна проституција


