Детали од семејната драма во Германија: Застрела шест члена на сопственото семејство, па повика полиција

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Во куќата и зад неа, пронајдени се тела на шест лица, тројца мажи (36, 65 и 69 години) и три жени (36, 56 и 62 години) – информираше Мелер, додавајќи дека две од жртвите се родители на напаѓачот.

Германската полиција обелодени детали од денешното пукање во градот Рот ам Зе, наведувајќи дека 26-годишен маж ги застрелал своите родители и уште четири членови на своето семејство со полуавтоматска пушка, а потоа ја повикал полицијата и чекал да биде уапсен, пренесува српски „Телеграф“.

Во пукањето во градот на југозападот од Германија се ранети и две лица, од кои едно од нив е во животозагрозувачка состојба.

Осомничениот се заканувал и на деца на возраст од 12 и 14 години, но тие не се повредени.

Уапсен е 26-годишен државјанин на Германија кој ќе биде испрашан од полицијата во присуство на својот адвокат, изјави локалниот шеф на полицијата Рајнер Мелер.

– Во куќата и зад неа, пронајдени се тела на шест лица, тројца мажи (36, 65 и 69 години) и три жени (36, 56 и 62 години) – информираше Мелер, додавајќи дека две од жртвите се родители на напаѓачот.

Мелер наведе дека мотивот за нападот се уште не е утврден, но дека се претпоставува оти станува збор за семејна драма, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата го затекнала осомничениот без оружје пред куќата, каде дел од членовите на семејството живееле. Инаку, тој е член на стрелачки клуб, додава „АП“.

Инцидентот се случил во 12.45 минути по локално време.

Рот ам Зе се наоѓа на околу 170 километри северзозападно од Минхен и на 135 километри југоисточно до Франкфурт, напоменуваат агенциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот