Десеттата „Поетска епизода“ на „Култура Бета“ е посветена на 100 години надреализам
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје на 12 април, во 20 часот, ќе се одржи десеттата „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам. Со мултимедијално книжевно читање на надреалистичка поезија и гостувања на авторите Влада Урошевиќ, Фросина Пармаковска, Иван Шопов, Дарија Јовановска, Дејвид Величковски и Јована Стаматовска ќе се одбележат 100-те години надреализам.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Поетска епизода“ е настан организиран од Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Оваа епизода посветена на надреализмот е десетта во низа и со неа ќе се продолжи идејата која стои зад овој настан – да се промовираат македонските автори и поети со акцент на претставување на млади и нови автори.
Десеттата поетска епизода ќе ја модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова. Настанот се организира со поддршка и во соработка со кафе-книжарницата „Буква“.


