Десет струмичани казнети од судот по 3.000 евра за непочитување на забраната за движење

Судот прифати и издаде десет казнени налози со казни од по три илјади евра, во денарска противвредност од по 184.500 денари за секој обвинет.

Основниот суд во Струмица изрече казни од по три илјади евра во денарска противвредност на десет граѓани кои не ја почитувале забраната за движење, информираше Мариета Дукиќ, портпарол на струмичкиот суд.

-ОЈО Струмица поднесе вкупно 14 обвиненија, од кои еден обвинителен предлог и 13 предлози за издавање на казнен налог за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од 1 Казнениот закон. Судот прифати и издаде десет казнени налози со казни од по три илјади евра, во денарска противвредност од по 184.500 денари за секој обвинет, рече Дукиќ

Додаде дека за останатите казнени налози и обвинителниот предлог се уште не одлучено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот