Десет пратеници од левото крило на владејачката ЛРЕМ бараат крај на вонредната состојба во Франција

Во писмото упатено до премиерот, пратеници од левото крило на владејачката Република во Марш (ЛРЕМ) потсетуваат дека „вонредната состојба не може да стане правило” и тие бараат да се укине вонредната состојба, што беше продолжена до 1 јуни, јави дописникот на МИА.

„Сметаме дека вонредната состојба не може да стане правило, освен со нарушување на нашите институции и поткопување на правилното функционирање на нашиот демократски живот…Затоа е наша одговорност да ве предупредиме на она што ни се чини дека претставува вистинска опасност за нашата демократија: преседаните, дури и легитимните, создаваат навики”, предупредуваат тие.

Според нив, во општеството постои „растечки замор од ургентноста што веќе не е ургентна”.

Пратениците сакаат „да се комбинира со цврсти заштитни мерки во однос на заштитата на основните слободи, обезбедувајќи, на пример, можност за ограничено продолжување, па дури и автоматски датум на прекин”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот