Дерковски: Досега гласале 11 проценти од вкупниот број на гласачи (ВИДЕО)

Државната изборна комисија (ДИК) во моментов ја одржува својата втора последователна прес-конференција наменета за предвремените парламентарни избори во нашата држава кои се одржуваат денеска.

-Обработени се 3134 Избирачки места, од вкупно 3480, гласале досега 199.495 граѓани, скоро 200 илјади, односно 11 проценти од вкупниот број на гласачи, рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Во ИЕ  – 1 одѕивот бил 13, 7 отсто, во Втората изборна единица 9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11:00 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во Петата изборна единица одѕивот бил 10,55, и во Шестата изборна единица 6,04 отсто.

Доста голема е излезноста, потенцираше Дерковски, во Општина Аеродром, односно во Изборна единица 1, каде што излезени се над 17, 6 отсто, до 11 часот. Исто така и Карпош со 17, 06 отсто, Кисела Вода 16,81 отсто, од ИЕ1.

Во третата изборна единица 19,03 има изленост во Градско, Крива Паланка скоро 17 отсто, Лозово – 17,03. Во Пробиштип има 20,69 проценти излезеност до 11 часот, што е навистина одлично, рече претседателот на ДИК.

Во ИЕ 4 висока излезност, како што соопшти, има во Дојран – 17,83 проценти. 

-Во Демир Капија 20,77, а во Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16,55 отсто до 11:00 часот.  Во ИЕ 5 – Битола 16,91 отсто, Демир Хисар 21,33 отсто и Охрид 13,16 отсто, рече Деркоски.

Во Шестата изборна единица излесноста, како што кажа Деркоски, се движи од 6-7 отсто. Највисока излезност има во Тетово и тоа 8,13 отсто. 

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот