Дерала: На над 1040 граѓани им е ускратено правото на глас на овие избори

Џабир Дерала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Претседателот на организација Цивил, Џабир Дерала во интервју за „Слободен печат“ истакна дека неговата организација има подготвено и презентирано Извештај за досегашниот тек на изборниот процес. Тој додаде дека во тој извештај е нотирано и кршење на избирачкото право кон една група граѓани.

„Во последниот извештај имаше податок дека човековите права и слободи се прекршени, а меѓудругото се однесуваше на тоа дека според информациите што ги соопшти ДИК а го добила од МВР е дека над 1040 граѓани и граѓанки кои првпат гласаат, всушност не ќе може да гласаат во вториот круг и тоа според нас е кршење на гласачкото право. Она што ние постојано го повторуваме е дека државата има обврска да обезбеди максимални услови за секој граѓанин со навршени 18 години и е државјанин на нашата држава, да има можност да гласа, и ако не гласа и еден е многу а не пак 1040. Мислам дека тоа можеше да се реши со една многу кратка постапка во парламентот и да им се обезбеди на сите луѓе можност да гласаат“ рече Дерала.

Тој додаде дека Цивил им стои на располагање на сите граѓани, а за конкретниот проблем смета дека државата има доволно време да донесе соодветно решение.

„Ние им стоиме на располагање на сите граѓани, да се јават во Цивил и ние заеднички ќе се обидеме да најдеме решение за сите проблеми, а за овој проблем за којшто сега зборувам, треба државата да се погрижи, има уште време и може да се донесе некоја мерка со која сите ќе можат да гласаат“ порача Дерала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот