Дерала: Граѓанското општество има свои заслуги за подобрувањето на состојбите во изборниот процес и плурализмот

Џабир Дерала, ЦИВИЛ / Утрински брифинг

Северна Македонија е во групата на „демократии со недостатоци“ на Индексот на демократијата 2021, на Истражувачката група на Економист, напредувајќи пет места во однос на минатата година кога беше оценета како „хибриден режим“. Земјава годинава е рангирана на 73 позиција, со вкупна оценка од 6.03.

Според критериумите по кои се врши рангирањето, Македонија во четири од вкупно пет категории има оценки над просечната од 6.03. Најдобра е во делот на изборен процес и плуразлизам – 7.42, а најлоша е во политичка култура – 3.13. Функционирањето на владата е оценето со 6.43, политичкото учество – 6.11 и граѓански слободи – 7.06.

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода, коментирајќи го извештајот вели дека политичката култура зависи од целокупното социјално милје на земјата што подразбира дека никогаш нема да забележиме напредок, ако во процесите не се вклучени под еднакво сите општествени чинители.

– Ова е пред се’ од енормната силна пропаганда со омраза и дезинфорамции кој се присутни во јавната комуникација. Граѓанското општество можеби е најзаслужното за подобрувањето на состојбите во овој домен (изборен процес и плуразлизам), а со тоа и ЦИВИЛ како една од двете најголеми организации кои се занимават со овие прашања има свој удел, изјави Дерала за „Слободен печат“.

За да се подобри и понатаму перцепцијата и ситуацијата во делот на негување и практикување на демокртатијата, Дерала смета дека треба искрен, доследно и конзистентно залагање на сите општествени чинители.

– Искрено, доследно и конзистентно залагање за националните интереси на земјата, јакнење на политичката култура и негување на човековите права и слободи на сите нивоа. Подобрување на политиките и практиките на сите политички партии, а не само на еден дел од нив, нагласува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот