Депај по само еден месец го напушта Коринтијас поради обложувалница?

Фото: EPA-EFE/SEBASTIAO MOREIRA

На почетокот на септември Холанѓанецот Мемфис Депај потпиша договор со екипата на Коринтијас од Бразил, а според последните најави може експресно да го напушти овој клуб.

Депај во првите четири настапи за Коринтијас забележа две асистенции, но наводно ќе мора да си замине поради обложувалница која е спонзор на клубот.

Медиумите во Бразил пренесуваат дека Коринтијас ќе биде принуден да се раздели со Холанѓанецот ако обложувалницата „Еспортс да Сорте“ престане да го спонзорира клубот. Оваа обложувалница покривала голем дел од платата на Депај, па ако таа замине и Депај најверојатно ќе бара нов средина.

Информацијата пристигнува откако на оваа обложувалница и била одземена лиценцата за работа на територија на Бразил. Наводно, компанијата е подистрага за перење на пари.

При пристигнувањето Депај со Коринтијас потпиша договор до 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот