ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД ВО СКОПЈЕ: Пчеларите бараат медот и пчелите да се заштитат со закон (ФОТО)

Медот денес се повеќе се користи како лек, отколку како храна. Трошиме само 700 грама годишно по глава на жител, за разлика од Германија која троши девет килограми или Јапонија 16 килограми по глава на жител. Затоа, неминовно е да го смениме однесувањето и да го прифатиме медот како значаен животен продукт во исхраната.

Ова е пораката од 16. „Денови на македонскиот мед” што традиционално се одржува на улицата „Македонија” во центарот на Скопје.

Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Како што истакна претседателот на пчеларското здружение „Матица”, Венче Билбиловски, кое ја организира манифестацијата, во земјава, за жал, сè повеќе има мед измешан со шеќер и разни сирупи, а целта е да се добие брз профит иако притоа се уништуваат природните својства на медот што, пак, доведува до аномалии и телесни нарушувања кај човекот

Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Бараме, како што се тутунот, грозјето и други земјоделски култури, и пчелите и медот да бидат заштитени со закон. Земјава е една од ретките во светот со услови за квалитетно производство на мед. Можеме да бидеме синоним за здрав, квалитетен и природен мед како што е Германија синоним за техника, а Италија за мода. Секоја година на светските саеми нашите пчелари освоуваат високи награди. Нам, пчеларите, ни останува да ја вратиме довербата кај потрошувачите, а тоа можеме да го направиме само преку едукација и поддршка од Агенцијата за храна и ветеринарство, Инспекторатот и Министерството за земјоделство. Ги повикувам надлежните да ја спречат нелегалната трговија со медот, за да ги подигнат стандардите за домашно производство и продажба – истакна Билбилоски.

Прочитајте и...  Заев: Статистиката за ковид-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите

Според него, живееме во време кога напнатоста и стресот се општо прифатени и веќе немаме време да застанеме и да се прашаме што внесуваме во организмот и со што ги храниме сопствените деца.

Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.
Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Денес постојат голем број вируси, алергии и други болести кои пред стотина години воопшто ги немало, дел од нив се поради неправилната исхрана и вештачката храна. Единстевниот начин на кој можеме да живееме во склад со прирордата, е да ја почитуваме, да не ја загадуваме, да ги заштитме инсектите, животните и ратсенијата. Само така, со таков придонес, може да се обезбеди здрав живот со сите благодети, а еден од тие дарови е медот кој претставува единствена природна супстанца која од дамнина е сметана за храна и лек и ја користеле, фараони, кралеви и цареви –  потенцира претседателот на Здружението.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа рече дека Владата има јасна стратегија за пчеларството и вети максимална поддршка.

Прочитајте и...  Во Брисел се одржува технички дијалог меѓу Србија и Косово

-За пчеларството, воспоставени се нови мерки преку Програмата за финансиска поддршка 2020 година, а достапни се и ИПАРД фондовите. Планирани се и мерки за поддржување иноваци во однос на пчелни производи, активно вклучување на младите земјоделци и руралните жени, но и мерки за развој на пчеларскиот туризам со цел подобрување на условите за живот во руралните средини. Согласно Програмата за финансиска поддршка во 2019 година за презимено пчелно семејство се исплатени 167.199.400 денари на 4.114 земјоделци – истакна Хоџа.

Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Податоците од АХВ, дополни, покажуваат дека производството на мед во изминативе години е зголемено и лани изнесувало 1,671,420 килограми. Дел од овие количини мед е наменет за домашниот пазар, а дел се извезува.

– Македонскиот мед е многу ценет на странските пазари за што зборуваат и последните информации од неодамна одржаниот натпревар по квалитет на мед во Тузла, на кој учествуваа претставници од три континенти, а македонскиот мед е прогласен за најквалитетен, истакна министерот.

Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

На отворањето се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој напоемна дека Фестивалот на медот има за цел да ја одржи традицијата на пчелни производи, а присуствуваше и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Најголемо внимание на манифестацијата привлече Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја” што беше номиниран за два оскара. Таа скромно дојде, а откако организаторите ги најавија гостите, по што го прочитаа и нејзиното име, Атиџе доби бурен аплауз.

Прочитајте и...  Спасовски синоќа е хоспитализиран на Инфективна

Посетителите на „Денови на македонскиот мед” на поставените штандови долж улица „Македонија” можат да купат мед, пчелин восок, прополис, матиен млеч, полен, перга, па и ликери на база на мед. Цената на тегла мед, како што рекоа некои од сопствебиците, чини 450 денари и е унифицирана.

Пчеларите се пожалија дека годинава ќе биде тешка, но од производство не се откажуваат зашто се вистински љубители на пчелите.

Поради корона кризата, манифестацијата овојпат е организирана по сите протоколи за заштита, а и на отворањето не присуствуваа дечињата од скопските градинки кои се вообичани гости и верни поддржувачи.

– Програмата на Фестивалот годинава е посиромашна поради корона вирусот. Сакаме да ги почитуваме протоколите, да ги заштитиме здравјето и животот на граѓаните. Поради пандемијата живееме во затворен свет, изолирани, контактираме и се дружиме малку. Но, нашето Здружение сепак, покажа храброст и не сакајќи да ја прекине традицијата, во срцето на Скопје и годинава ќе понуди мед и други пчелни производи, истакна Билбилоски.

 

Поврзани вести

ВИДЕО: НОВИ ДЕТАЛИ – Напаѓачот што Франција ја обви во црно пристигна со воз од Италија со документ на Црвен крст

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Шеријатската сопруга на озлогалсениот ИСИС-овец Лавдрим Мухаџери се исповеда пред јавноста

Илинка Иљоска

„Маската на Меркел е кинески фејк“: Експертите тврдат дека еден детал недостасува

Слободен печат

ВИДЕО: Парите тука често паѓаат од небо: Кинез фрлал банкноти од зграда, но брзо бил уапсен поради мотивот

Слободен печат

Над 45 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Успешно оперирана циста на матка тешка 90 килограми – хирурзите од ГАК и го спасија животот на 45-годишна жена

Слободен печат

Остави Коментар