Преподобен Исакиј Исповедник

Денеска се празнува Преподобен Исакиј Исповедник

Во времето на царот Валент настана големо гонење на православието од страна на аријанците, кои и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите што од Дунав се спуштаа кон Тракија.

Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“ Но, царот го занемари старецот и го продолжи патот. Утредента пак истрча пред царот и му ја повтори својата опомена. Третиот ден истрча Исакиј пред царот, го фати неговиот коњ за уздата и го молеше царот да и даде слобода на Црквата Божја и му се закани со казна Божја. Четвртиот ден излезе Исакиј пред царот и му претскажа грозна смрт ако не им даде слобода на православните. Така и се случи.

Варварите ја покосија грчката војска како трева, а царот побегна со оној свој советник аријанец. Вараварите стигнаа на тоа место и дознавајќи каде е царот ја опколија онаа колиба и ја запалија, та изгоре царот Валент со својот советник. Потоа се зацари царот Теодосиј Велики, којшто чу за Исакиј и за исполнетото пророштво. Овој цар го повика кај себе старецот и му се поклони. Откако мирот се зацари во Црквата, а аријанците беа протерани, Исакиј сакаше да се врати во својата пустина, но царот го замоли да остане во Цариград. Еден големец, му изгради обител во која старецот до смртта се подвизуваше чинејќи многубројни чуда. Богоугодниот старец Исакиј се пресели во вечноста, во 383 година, за да се насладува гледајќи го лицето Божјо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот