Денеска повторно ќе се протестира за парното: Железарци со поддршка на соседите од Автокоманда

Фото: Општина Гази Баба

Незадоволните жители од општина Гази Баба денеска попладне повторно ќе излезат на протест барајќи да им се врати железарското парно, со кое нивните домови се загреваа непрекинато по 24 часа. Точно во 16 часот тие ќе се соберат пред кружниот тек кај гимназијата „Панче Арсовски“, а на жителите од населбата Автокоманда, кои се моментално најзасегнати од проблемот, поддршка ќе им дадат и граѓаните од Железара.

Железарците повикаа да се излезе помасовно на протестот и да се поддржат граѓаните од Автокоманда, затоа што, како што велат „мечката кога игра во дворот на соседот кај и да е ќе заигра и во нашиот двор.“

А дека тоа и ќе се случи најавуваат и од АД ЕСМ од каде информираа дека 2000 потрошувачи кои досега имале греење 24 часа, ќе се греат како и останатите потрошувачи од 6 до 22 часот, а за останатите 2000, кои сѐ уште не се префрлени на ЕСМ Снабдување, во следниот период ќе се направат технички подготовки за од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот.

Промените се случуваат поради тоа што старите парни котли кои немаат можност за дневно гасење, па  овие потрошувачи имаа постојано греење, се исфрлаат од употреба, поради голема потрошувачка на гас. Од ЕСМ објаснија дека доколку се продолжи со сегашниот начин на 24 – часовно греење на одреден број потрошувачи тогаш сметките на сите потрошувачи, значи и на оние што се греат од 6 до 22 часот, ќе бидат повисоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот