ПОЦ промовираше нова веб апликација

Под слоганот „Паркинзи на општина Центар (ПОЦ)- онлајн- сите услуги со еден клик“ денеска беше промовирана нова услуга која претпријатието им ја нуди на корисниците, со цел олеснет пристап до услугите на паркиралиштата.

Новата веб страна ќе им овозможи на возачите да ги извршат своите услуги, како и да дадат поплаки и пофалби преку електронски пат и преку свој личен профил. Веб страната ќе биде достапна за корисниците 24 часа, 7 дена во неделата, каде возачите ќе можат да комуницираат и со вработените на претпријатието за секакви услуги.

Градоначалникот на општина Центар Сашо Богдановиќ, истакна дека со дигитализација на услугите, претпријатието се доближува до новото време, и нагласи дека 60 проценти од граѓаните позитивно ја оцениле работата на ЈП „Паркинзи на општина Центар“.

Корисниците на услугите ќе можат да ја олеснат постапката на плакање, продолжување или склучување нови договори, преку регистрирање на свој профил .Воедно ќе се воведе и ДПК (дневна паркинг карта). Покрај тоа корисниците ќе добиваат и неделни известувања за новостите и активностите на претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот