Денес ќе се гасне светлото низ светот, се одбележува Часот на планетата Земја

Со гаснење на светилките во траење од еден час денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.

Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и Македонија. Светилките на јавните институции ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.

Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот