Деми Ловато: Не знам дали некогаш повторно ќе посакам да бидам со маж

Instagram
Instagram

Пејачката Деми Ловато изјави пред јавноста дека е флуидна пансексуалка, што значи дека може да се замисли себеси во кревет со секој што ќе го почувствува сексуално привлечен – без разлика дали станува збор за маж, жена, трансродова личност или родово-флуидна личност. Сепак, не е сигурна, вели таа, дали некогаш повторно ќе биде со маж.

„Претходно навистина сакав да имам свои деца, но сега размислувам за посвојување“, изјавила пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

„Порано бев сигурна дека ќе завршам со маж и ќе имам биолошки деца, но сега сум „флуидна пансексуалка“, не знам дали некогаш повторно ќе бидам со маж, па не знам дали ќе имам биолошки деца“, открила Деми на подкастот на американски комичар Џо Роган.

Американската актерка и пејачка веќе подолго време се бори со зависност и вели дека често конзумирала кокаин, ксанакс и хероин, што резултирало со предозирање во 2018 година. Пејачката тогаш за малку ќе го загубела животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)


Сето ова резултираше со компликации. Како резултат на три мозочни удари, срцев удар и откажување на органите, Деми денес има оштетување на мозокот и оштетен вид и повеќе не може да вози. Таа исто така открила дека се бори со ментални проблеми, како и многу други деца – ѕвезди пејачката страдаше од булимија од 12-годишна возраст, а исто така била и силувана во тинејџерските години и пред три години од нејзиниот дилер додека била предозирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот