Дембеле може да си оди од Барса за 45 милиони фунти!?

твитер

Каталонскиот гигант како што информира „Скај Спорт“ ќе ја намали бараната сума за својот напаѓач Усман Дембеле во текот на зимскиот преоден рок 2021.

Според истиот извор Барселона е подготвена да се раздели со 23-годишниот француски репрезентативец за 45 милиони фунти.

Иако ова лето се шпекулираше дека можно е да замине на позајмица, остана само интересот на Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Претходно беше објавено дека Барса има желба да го продаде Дембеле поради фактот што пропаднаа преговорите за продолжување на соработката со играчот, иако и натаму постои желба во Каталонија за нов договор. Важечкиот на Дембеле со клубот истекува на 30 јуни 2022 година.

Во 2017 година Барса на сметката на Борусија Дортмунд за реализација на трансфер на Французинот плати 105 милиони евра.

Од тогаш, играчот одигра вкупно 75 натпревари за екипата од „Камп Ноу“ во кои постигна досега 19 голови и запиша 16 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот