Делегации на СДСМ положија цвеќе и оддадоа почит на повеќе локации низ државата

По повод големиот празник 2ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ во состав Коста Петров, потпретседател на СДСМ и Марија Георгиевска претседателка на ОО СДСМ Карпош, денеска положи цвеќе и оддаде почит на споменикот на АСНОМ во Паркот Жена Борец, споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, споменикот на Методија Андонов Ченто како и пред споменикот на Слободата „Сила, слава и победа” на скопско Кале.

Делегација на СДСМ предводена од организациониот секретар на СДСМ Душко Весковски, придружуван од Оливера Чавкар, членка на ЦО на СДСМ и Трајче Калевски претседател на ОО СДСМ Крушево, денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит пред гробот на Никола Карев, пред споменикот на Слива „На хероите на Слива” и пред споменикот на Мечкин Камен.

По повод големиот празник 2ри август – Денот на Републиката,  во Смилево, делегација на СДСМ предводена од членот на Извршниот одбор на СДСМ Васко Талевски, положи свежо цвеќе и оддаде почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот