Дел од учесниците на протестот „Србија против насилството“ останаа цела ноќ на блокада на автопатот во Белград

Дел од протестаните од вчерашниот трет по ред протест во Белград „Србија против насилството“ останаа ноќеска да го блокираат дел од меѓународниот автопат на Нов Белград, кај Сава центар.

Проевропската опозиција вчера по трет пат одржа масовен протест со учество на повеќе десетици илјади граѓани по повод масовните убиства во Србија, со слоганот „Србија против насилството“.

На него имаше повеќе граѓани од претходните два протести, и според организаторите тоа беше најмасовниот протест во последните години. Протестот се одвиваше во форма на протестна прошетка од Народното собрание до мостот Газела и Бранковиот мост, кои беа блокирани за сообраќај.

Во исто време кога почна протестот во Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на митингот „Србија сонува и соништата ги остварува“ во Панчево изјави дека разговарал со луѓе „од службите“, од кои дознал дека „сестринските служби од исток“ предупредиле дека, кога станува збор за протестот „Србија против насилството“, организиран од дел од опозицијата, дека е можно да се работи за „обоени револуции“.

-Ова се одвратни обиди за злоупотреба на тагата. Како претседател на Републиката, ви велам, на Србија и е доста од вашите револуции, доаѓање на луѓе под странско влијание и уништување на се што е српско, на нашите витални национални интереси, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот