Пожар во Скопско / Фото: Читатели на „Слободен печат“

Дел од пожарите се подметнати од организирана структура, тврди Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека годинава државата „покажува дека може многу поинаку и поефикасно да се справи со пожарите“. Досега, во врска со случаите на предизвикани пожари, уапсени се 20 луѓе, од кои дел се во куќен притвор, дел во ефективен, а некои се пуштени на слобода поради тоа што се малолетни, вели првиот полицаец.

„Имаме директни докази дека дел од пожарите се подметнати, а постојат и соодветни индиции за организирана структура зад некои од нив. Особено симптоматични беа пожарите околу Скопје, кои настанаа истовремено и во близина на витални објекти“, рече Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандум за соработка со Црвениот крст.

Министерот нагласи дека подметнувачите кои делувале индивидуално се идентификувани и приведени, а МВР работи на расчистување и на случаите што укажуваат на организирано дејствување.

Според него, Владата навреме реагирала со наредбата за забрана на движење во шумите, што дало резултати, и покрај тоа што ова лето е едно од најжешките и со исклучително сува вегетација.

„Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од претходно. Видливо е присуството на институциите, механизацијата и координираното дејствување на терен“, додаде Тошковски.

Целта на институциите, рече министерот, е да покажат дека државата функционира и дека се дејствува навремено, професионално и со посветеност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот