Дејвис со тројка во последната секунда за втор триумф на Лејкерси! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Во вториот натпревар од финалето во Западната конференција во НБА лигата екипата на Лос Анџелес Лејкерс со 105:103 триумфираше над Денвер Нагетс за зголемување на 2:0 во серијата.

Денвер имаше негатива од 16 разлика во третата четвртина, а потоа на „крилјата“ на Никола Јокиќ успеа да се врати, дури и да дојде до предност во последните моменти од мечот.

Но, со тројка во последната секунда Ентони Дејвис им донесе триумф на „езерџиите“.

Токму Дејвис беше прв стрелец во победничките редови со 31 поен (девет скока), а Леброн Џејмс додаде 26 поени (11 скока).

На спротивната страна српскиот интернационалец Јокиќ запиша 30 поени (шест скока, девет асистенции), додека Мареј имаше 25 поени (шест скока).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот