Дејвис куп: Македонските тенисери поразени во сингл мечевите против Кипар
Дејвис куп тениската репрезентација на Македонија ги загуби двата сингл меча на првиот ден од дуелот со Кипар во Никозија и противникот поведе со 2:0.
Препорачано
Во првиот меч Амар Хусеиновиќ беше поразен од Мелиос Ефстатиу со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0).
Убедлив пораз доживеа и Стефан Мицов од Фотос Фотиадес со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0).
Во првиот сет Мицов прв дојде до брејк и водство од 2:1 во гемови, но потоа следуваше пресврт и противникот поведе со 5:2, а сетот заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот беше убедлив и сетот го доби без загубен гем.
В недела прво ќе се игра мечот во конкуренција на двојки, а потоа двата сингл меча. Почетокот на првиот меч е од 10.00 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


