Бекамови - Фото: Интсграм

Дејвид и Викторија Бекам стравуваат дека Бруклин „се откажал семејството“: Не ги поканил на обновувањето на заветите со Никола Пелц

Дејвид и Викторија Бекам стравуваат дека нивниот најстар син Бруклин „се откажал од семејството“ откако не поканил ниту еден од своите роднини на неговото тајно обновување на заветите со неговата сопруга Никола Пелц, пишува „Дејли мејл“.

Бруклин и Никола Пелц, кои првпат се венчаа во 2022 година, рекоа „да“ по втор пат на 2 август во округот Вестчестер пред нејзиното семејство, додека никој од Бекамови не беше присутен на церемонијата.

Никола ја носела винтиџ венчаницата на нејзината 70-годишна мајка од 1985 година за големиот ден, додека нејзиниот татко Нелсон (83), ја доби клучната улога да ја води свадбата.
Родителите, браќата и сестрите на Бруклин, наводно дознале за нивниот голем ден откако прочитале за тоа на веб-порталите.

Нивниот најстар син се оддалечува сè повеќе од семејството откако го прескокна 50-тиот роденден на својот татко, а сега семејството стравува дека ова е последен удар за семејството.

Извор за „Сан“ изјави: „Ова беше последен удар за Дејвид и Викторија. Тоа што никој не присуствувал на церемонијата беше срцепарателно, особено за Дејвид. Ниту еден член од поширокото семејство, кое брои над 30 членови, не знаеше за свадбата, ниту беше поканет.“

„Неговите баба и дедо се исто така скршени бидејќи Бруклин отсекогаш бил толку близок со нив.“

Изворот додаде: „Се чини дека сето тоа е сурово и злобно. Ова повеќе не е игра. Отиде подалеку. Семејство чувствува дека го изгубило своето драгоцено момче – и не гледа начин да го врати.“

ФОТО | Дејвид Бекам го прослави 50. роденден: Син му Бруклин не присуствуваше на забавата и покрена гласини за семејна расправија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот