Дедо-студент докторира 52 години по започнувањето на докторатот

Фото: University of Bristol

Еден студент конечно го доби својот докторат повеќе од 50 години откако го започна истиот.

Д-р Ник Акстен (76) ја започна својата теза за математичка социологија на Универзитетот во Питсбург во САД во 1970 година.

Фото: University of Bristol

Но, пет години потоа се вратил во Велика Британија со недовршен докторат.

Во вторникот (14 февруари), Универзитетот во Бристол му додели докторат по филозофија на 76-годишниот Ник Акстен пред неговата сопруга Клер Акстен и 11-годишната внука Фреја.

Тој беше награден со престижна Фулбрајт стипендија, но рече дека неговото истражување било „исклучително тешко“.

„Некои проблеми се толку големи што им треба најдобриот дел од животот за да ги заобиколите. За нив е потребно долго напорно размислување“, рекол тој. „Ова ми одзеде 50 години.“

Истражувањето на д-р Акстен е нова теорија за разбирање на човечкото однесување.

Се заснова на вредностите што ги има секоја личност, за кои д-р Акстен верува дека имаат потенцијал да го променат погледот на психологијата на однесувањето.

Фото: University of Bristol

Сега, како татко на две деца и дедо на четири внуци, тој ги започна своите додипломски студии во Лидс во 1967 година.

„Тоа сè уште беше време на ‘моќта на цвеќето’ (flower power) и владееше едно револуционерно чувство“, се присетува тој.

„Џек Строу беше претседател на Студентскиот сојуз во Лидс. Социологијата и психологијата беа наеднаш топ теми. Отидов да ги проучувам затоа што сакав да ги разберам луѓето“, додава д-р Акстен.

Д-р Акстен од Сомерсет, Велс, вели дека го сакал своето време како зрел студент на Универзитетот во Бристол помеѓу 2016 и 2022 година.

„Сите други дипломирани студенти по филозофија беа околу 23 години, но ме прифатија како свој“, рече тој. „Тие се паметни луѓе полни со идеи и ми се допадна да разговарам со нив – особено во пабот попладне“.

За време на својата разновидна кариера, д-р Акстен живеел низ цела Велика Британија и бил креатор и главен автор на Оксфорд училишната наставна програма за наука за основно образование.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот