Децата од градинките во Центар секоја недела ќе добиваат по килограм овошје

Втора година по ред во градинките во Општина Центар се реализира проектот „Здрав оброк за секое дете“, што се спроведува преку програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во партнерство со Министерството за труд и социјална политика. Преку овој проект секое запишано детенце во градинка еднаш неделно ќе добива по еден килограм овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа од македонски производители. Целиот овој процес е под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста.

Општина Центар е првата општина која покрена иницијатива за здрави оброци во градинките и училиштата, а кампањата денеска започна од градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“.

Овошјето е неизбежна ужинка за сите деца во развој. Токму затоа ме радува што дечињата ќе јадат проверени и безбедни домашни овошја од прва класа произведени во нашите овоштарници и од нашите земјоделци. Мило ми е што кампањата „Здрав оброк за секое дете“ започнува од наша центарска градинка и што при делењето дечињата се запознаат со витамините на овошјата и бенефитот од нивното конзумирање. Важно е овошјето и зеленчукот да бидат вклучени во секојдневното детско мени уште од рана возраст. И ние токму тоа се обидуваме да направиме, да стекнеме здрави навики за здрава и квалитетна исхрана за дечињата – изјави градоначалникот Горан Герасимовски, кој заедно со министрите Љупчо Николовски и Јованка Тренчевска беа во посета на градинката и ја стартуваа кампањата.

Покрај делењето на здрави оброци за дечињата во објектот „Панорама“ во градинката „Кочо Рацин“, беше организирана и креативна работилница во која градоначалникот Герасимовски и министрите Николовски и Тренчевска подготвуваа разни производи од овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот