Дебарските полицајци даруваа крв и ја потврдија својата хуманост

Во организација на Македонскиот полициски синдикат, а во соработка со Општинската организација на Црвен крст и Институтот за трансфузиологија, денеска во Дебар беше организирана крводарителска акција.

И овој пат, како и при секоја ваква активност, дебарските полициски службеници уште еднаш ја потврдија нивната хуманост.

– Задоволство ми е што сум тука во Дебар на една ваква благородна и хумана активност. Нашите колеги и овој пат ја покажаа нивната хуманост дарувајќи ја драгоцената течност што живот значи. Освен во Дебар вакви акции ќе организираме и во други градови низ земјава, рече Марјан Кицев, претседател на македонскиот полициски синдикат.

Заменик генералниот секретар на македонскиот полициски синдикатот, Адријан Телќиу, кој потекнува од дебарско семејство со долга традиција на крводарители и денеска ја поддаде раката и даруваше крв.

-Освен крводарителските акции, ние како синдикат сме вклучени и во многу други активности во нашиот регион, посебно по појавата на пандемијата со Ковид-19, при што сме распределувале заштитни маски и дезинфекциски средства, нагласи Телќиу.

Во акцијата учествуваше и првиот секретар на синдикатот Кире Трајковски, кој се заблагодари на хуманоста која придонесува во збогатувањето на резервите со крвни единици што живот значат.

Ова е четврта по ред крводарителска акција организирана во Дебар годинава, на која беа прибрани 30 крвни единици.

Според раководството на општинската организација на Црвен крст поради пандемијата со Ковид-19 неколку планирани акции не беа спроведени, а на до сега спроведените прибрани се 160 крвни единици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот