Деа Ѓурѓевиќ гордо ги покажа своите лузни – Многу луѓе во светот гордо ги носат, зошто не и јас?

FOTO: NEMANJA NIKOLIĆ

Деа Ѓурѓевиќ пет месеци откако доживеа страотна сообраќајна несреќа кога на неа налета автобус и и ја откина раката ги покажа и своите лузни.

FOTO: NEMANJA NIKOLIĆ

Имено, Деа пред неколку дена ги тргна завоите и од ногата од каде во текот на операцијата која ја имаше за брзо закрепнување и пресадија нерви во повредената рака, со цел да успеат да ја вратат нејзината функција.

FOTO: NEMANJA NIKOLIĆ

„Кога си на работ да изгубиш се, многу повеќе го цениш она што го имаш. Ја ценам својата рака, без оглед на се. Секој треба да ги сака своите лузни. Толку многу луѓе во светот постојат кои своите лузни ги носат гордо, зошто да не ги носам и јас така? Ми кажаа дека можам ласерски да ги отстранам, но навистина не гледам потреба за тоа. Важно е што се е функционално. Најголема лузна имам на бутот, од кој ми ја отстранија кожата, но за неколку месеци се ќе помине. Останатите ќе останат мои за цел живот. Овие на раката се големи, но не ми пречат. Моите лузни се симбол за мојата победа“, изјави Деа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот