Де Ла Фуенте изненади: Не повика 15 фудбалери кои играа за Шпанија на Мундијалот

Новиот шпански селектор денес го објави првиот список откако на кормилото го наследи Луис Енрике.
Се очекуваше Луис Де Ла Фуенте да направи промени во однос на составот кој на Мундијалот беше елиминиран од Мароко, сепак по објавениот список на повикани фудбалери за квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 најголем дел од шпанската јавност е благо кажано изненадена.
Де Ла Фуенте се одлучи да не повика дури 15 фудбалери кои беа дел од Светското првенство што е навистина големо изненадување.
Од поголемите изненадувања тука се Хозелу и Давид Гарсија. Потоа Брајан Жил од Севиља, повик добие и Кепа Аризабалага од Челзи, изненадувачки е и враќањето на Иаго Аспас.
СОСТАВОТ НА ШПАНИЈА:
ГОЛМАНИ: Кепа Аризабалага (Челзи), Роберт Санчез (Брајтон), Давид Раја (Брајтон)
ОДБРАНА: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Педро Поро (Тотенхем), Давид Гарсија (Осасуна), Ејмерик Лапорт (Шпанија), Начо (Реал Мадрид), Ињиго Мартинез (Атлетик Билбао), Алехандро Балде (Барселона), Хозе Гаја (Валенсија)
СРЕДЕН РЕД: Родри (Манчестер Сити), Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Гави (Барселона), Фабијан Руиз (ПСЖ), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Дани Себаљос (Реал Мадрид), Педри (Барселона).
НАПАД: Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Дани Олмо (Лајпциг), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Хозелу (Еспањол), Иаго Аспас (Селта), Џерар Морено (Вилјареал), Брајан Хил (Севилја), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад)