Армија на Артикот Фото: Профимедиа

Данските војници пристигнаа во Гренланд како дел од операцијата „Арктичка издржливост“

Данска испрати дополнителни трупи во Гренланд, каде што се во тек заеднички воени вежби со неколку европски земји за заштита на критичната инфраструктура. Данската војска соопшти дека операцијата „Арктичка издржливост“ ќе трае една година.

Војниците ќе бидат обучени да ја заштитат клучната инфраструктура првенствено пристаништата и аеродромите, како и нафтените постројки, објави данскиот телевизиски канал ДР(DR), пренесе Ал Џезира.

„Ќе има повеќе активности во текот на годината кои ќе бидат заменети со други, не мора трајно, но ако сакаме да ги браниме Гренланд и северниот дел на НАТО, тогаш мора да се обучуваме – соопштија данските институции.

„Моментално нема воена закана за Гренланд. И не гледам дека некоја земја од НАТО ќе нападне друга земја од НАТО“, изјави генерал-мајор Серен Андерсен, според гренландскиот весник „Сермицијак“.

Според него, американските војници се поканети да се приклучат на операцијата „Арктичка издржливост“, бидејќи, како што рече, тие се дел од НАТО.

Данските вооружени сили објавија во понеделник вечерта дека дополнителни војници пристигнале на Гренланд. Претходно истиот ден, портпарол на данската војска изјави за Си-ен-ен дека ќе има „значително зголемување“ на бројот на дански војници во Гренланд.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно денес дека Данска не била во можност да ја елиминира „руската закана“ за Гренланд, велејќи дека тоа „сега ќе биде готово“, објави Танјуг. Претходно, Трамп рече дека САД мора да го поседуваат Гренланд за безбедноста на Арктикот, велејќи дека во спротивно Русија или Кина ќе го преземат островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот