Даночна управа на Црна Гора: Митрополијата црногорско-приморска мора да плати долг

Директорот на Даночната управа на Црна Гора, Миомир М. Мугоша соопшти денеска дека таа институција покренала контрола во сите верски заедници поради долгови. Ако, според него Митрополијата црногорско-приморска има долг ќе мора да го плати доброволно, во спротивно наплатата би била принудна.

Мугоша на својот профил на Твитер напиша дека „даночниот долг за 38 пријавени свештеници на Митрополијата надминал 300.000 евра и дека вкупниот долг се проценува дека е повеќемилионски”.

Според него, Митрополијата има неколку компании основани од нив и неколку отворени жиро-сметки во комерцијалните банки преку кои поминале десетици милиони евра во изминатите неколку години.

– Ако МЦП доброволно не го плати даночниот долг, законска обврска е да се наплати долгот присилно, со средства од нивната сметка или од нивниот имот. Се разбира, не од верски објекти, туку од имотите во сопственост на МЦП на атрактивни локации”, напиша Мугоша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот