Даниела Мартиновиќ за најдрагиот маж во нејзиниот живот: Ми приреди незаборавно изненадување

Даниела Мартиновиќ
Даниела Мартиновиќ / Фото: Инстаграм

„Вечното девојче“, хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ со објава на социјалната мрежа Фејсбук му го честиташе роденденот на најдрагиот маж во нејзиниот живот, откривајќи дека своевремено тој ѝ го приредил најубавото изненадување во животот.

„Тато, нека ти е среќен роденденот! Мој татко пред неколку години ми приреди изненадување кое не се заборава… Дојде сам, ненајавен и цел ден ме чекаше, седејќи во публиката за да ме чуе, за моето срце да го почувствува неговото додека ја раскажувам мојата животна приказна. Ме прегрна, видов дека е прегорд, едвај ги сопирав солзите. Ми кажа ‘Душо, јас веднаш се враќам во Сплит’. ‘Но, како ќе одиш тато, па полноќ е, уморен си, цел ден си тука, немој да се шегуваш, преспиј тука, те молам’. Насмеан тој ми одговори ‘Душо(секогаш така ме нарекува, кој го ‘шиша’ името, тоа е само симбол), тато си оди, утре имам работа. Јас дојдов, те видов и те слушнав, а тоа ми е најважно’“, стои во емотивната објава на Данијела.

Таа додава дека тоа е вистинска љубов на дело.

„За ова се раскажува кога се вели дека најубавите работи немаат цена. Ако некогаш повторно ме прашаат ‘Кога мислиш да пораснеш?’ Сега знам – никогаш. Најубаво е да се биде татино девојче“, пишува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот