Даниел Крег со воени вежби се подготвил за акциите на Џејмс Бонд

даниел крег
Фото: EPA/JOERG CARSTENSEN

Aктуелниот Џејмс Бонд, Даниел Крег, бил на многу интензивен фитнес и нутриционистички режим во подготовките за филмот „No Time To Die“, а за изведување на опасните сцени го подготвил воен тренер.

Во овој петти и последен филм во кој Крег се појавува во улогата на Џејмс Бонд актерот сакал сам да изведува поголем дел од неговите опасни сцени отколку било кој друг актер кој што претходно го играл Бонд, па морал да ја засили својата тренинг рутина до најголем интензитет.

За да може да се доведе 50-годишниот актер во форма за улогата морал да помине низ исцрпувачки нутриционистички и фитнес режим кој траел една година пред почетокот на снимањето на филмот, а потоа продолжил во форма на редовни фитнес рутини кои актерот морал да ги вметне во периодите меѓу снимањата.

Фитнес тренинзите ги следеле потребите на самото сценарио за филмот, па вежбите биле адаптирани токму да го припремат за Крег да може да ги изведе акциите. Режимот на 007 агентот бил под надзор на воениот тренер Симон Ватерсон, кој работи со актерот уште од неговото прво појавување во Бонд улога за „Casino Royal“ во 2005 година.

Ватерсон има искуство како оперативец на специјалните сили на поморската воздушна ескадрила на Велика Британија па бил сосема соодветен за улогата да може да го подготви актерот токму за физичката подготвеност на таен агент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Bond 007 (@007)

Во текот на годината на подготовки, Крег поминувал низ двонеделна воена тренинг рутина секој месец. Фокусот на сесиите бил на брзина и агилност, а вклучувал и вежби кои ги користат фудбалерите и рагби играчите.

Одморот по вежбањето вклучувал растегнување со гумени траки и масажа со ролер, а оброците по вежбањето биле веган шејкови од растителни млека со протеин и зелени зеленчуци, „шотови“ од сок од корен од куркума и пробиотици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Bond 007 (@007)

Со започнувањето на снимањето на „No Time To Die“ во април 2019 година, фитнес вежбите вклучувале 30-40 минути растегање и активирање на мускулите зависно од сцените кои биле снимани, а оброците непосредно пред снимањата се состоеле од јајца, интегрален леб, авокадо кимчи, куркума и црно кафе.

Ефектот од режимот се видел токму кога за време на снимање на една од сцените со акција Крег го повредил скочниот зглобот, но успеал да се врати во фитнес салата по само една недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Bond 007 (@007)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Bond 007 (@007)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот